Мегафон добра, чиста и правична храна за сите

„Дојди на трпезата“, мотото на Вториот Национален Конгрес на Слоу Фуд Македонија

„Дојди на трпезата“, мотото на Вториот Национален Конгрес на Слоу Фуд Македонија

„Дојди на трпезата“ е мотото на вториот Национален конгрес на Слоу Фуд Македонија што ќе се случува на 14 јули (недела) во Битола. Седумдесет делегати од конвивиумите, здруженијата и групи кои се дел од Слоу фуд Македонија ќе присуствуваат на овој значаен настан кој ќе ги одреди приоритетите на организацијата и програмските определби на кои ќе работи во следните 4 години.

На овој конгрес како “мираз” СФМК ќе ја донесе колективната работа за споделување и градење предизвици на заедничката судбина, што основната премиса ја има во посветеноста да се бори за добра, чиста и правична храна за сите.  Ова е предизвик што повикува на итна и длабока промена на храна, што ќе ја консолидира мрежата на активистите на Слоу Фуд Македонија. „Дојдете на трпезата! Заедно да ја споделиме, обединети во различностите, заедничката реалност на заедниците, да ја осигураме иднината и…, храна за утре! За да ја создадеме земјата што ја сакаме за нашите деца и внуци, земја на животот, слободата и правичноста за сите.“

Пораките од Конгресот ќе бидат врзани за новите генерации и нивното враќање кон природата. Императив и предизвик на Слоу Фуд Македонија се младите луѓе, возобновување со свежа енергија, поврзувањето на храната и иднината, агроекологија, агротуризам…

 

Најважно од се е соочување со сериозноста на овој социолошки, културолошки и историски момент каде со дејствување, визија и позитивната перспектива ќе се делува инспиративно на заедници, ќе се гради, спојува и обединува околу заедничката мисија на Слоу фуд Македонија.

To top