Радио Милева „на рихеб“

Панчо ДНК легнат во болнички кревет: „Не размислив… се надеваме на брзо оздравување“ (фото)

Панчо ДНК легнат во болнички кревет: „Не размислив… се надеваме на брзо оздравување“ (фото)

Владимир Блажев или попознат како Панчо Шорти – ДНК им подлегна на летните вируси кои го сместија во болнички кревет.

Неговите последни „стори“ на Инстаграм и Фејсбук ги ставија во грижа и прашалници, следбениците, пријателите, фановите, па и оние љубопитните.

Со вклучена инфузија во раката, Панчо најпрвин сподели кусо видео на кое се гледа дека е хоспитализиран и ставен на интравенозно освежување и третирање со медикаменти.

Ова беше и повеќе од доволно за да почне да му ѕвони телефонот и да му се полни сандачето со пораки од загрижените.

Токму поради тоа, Пане, како што и самиот вели бил изнемоштен, за да не им кажува на сите што и како е работата, објави дека се извинува на сите што ги вознемирил и дека е со надеж за брзо оздравување.

  • Другари ок сум да не ме мислите. Не можам да вратам на секој. Мал вирус и истоштеност, се надеваме на брз „рихеб“. Не размислив пред да го ставам сторито дека ќе ми стигнат пораки од оние кои стварно  се грижат и љубопитните, но бидејќи соработуваме со клиниката, односно се грижи за нашето здравје, затоа и сторито беше ставено. Се извинувам ако некого вознемирив. Се надевам ќе помине се во најдобар ред и се гледаме на подиум. Живели – порача Панчо за сите душегрижници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pancho | DNK (@djshortypofficial)

Болнички кревет, изнфузија, сигурно дека се знак за грижа, но веруваме и се надеваме дека се’ ќе заврши брзо како „стори“ објава, па следно како што вели и самиот, ќе биде од сцена и некоја освежена и поведра објава.

фото: Instagram printscreen/ djshortypofficial

To top