Радио Милева убави моменти

„Моето богатство“: Бомбакис заедно со сопругата правеа крштевка на ќерката на денот на нивната годишнина (фото)

„Моето богатство“: Бомбакис заедно со сопругата правеа крштевка на ќерката на денот на нивната годишнина (фото)

Кристијан Станковски или едноставно Бомбакис заедно со сопругата Вики, направија крштевка на ќерката.

Влијателниот инфлуенсер и подкастер, на крајот на месец јуни минатата година (2023) се ожени со неговата девојка.

Подоцна, неколку дена пред дочекот на новата 2024-та  година, дечкото со картоните со нова порака се пофали дека Дедо Мраз му го донел најубавиот новогодишен подарок, па Бомбакис за прв пат стана татко.

Сега  токму на денот на нивната годишнина тие одлучија да направат крштевка, а убавите моменти ги споделија јавно преку  социјалните мрежи.

Парот се фотографирал во црквата  доживувајќи ја големата животна радост, а честитките почнаа да се редат.

„Моето богатство, среќна крштевка Бисера“ – напиша тој под семејната фотографијата  на која позираа заедно.

А сподели и една интимна фотка додека наследничката ја бакнува во образ.

 

Нека и е среќна крштевката на Бисера, а ним среќна годишнина.

фото:Instagram/ printscreen/ bombakis

 

 

To top