Стефан Ѓуриќ Раста беше доста расположен за разговор со медиумите на фестивалот „Beograde Music Week“ додека не се појави прашањето за Горан Ратковиќ Ралет – продуцентот на новиот албум на Ана Николиќ и нејзиниот нов партнер.
Раперот тогаш се свртел и ја напуштил конференцијата за да се подготви за настапот, како што рекол неговиот соработник.
Пред тоа зборувал за Ана Николиќ, неговата поранешна сопруга, всушност, за нејзините нови песни.
„Искрено, ги немам слушнато новите песни. Не знам зошто се симнати, не сум во тек. Да знаете што слушам приватно и колку обврски имам“, рекол Раста.
фото: printskrin/instagram/stefanrasta