Луиза Џејкобсон (33), ќерка на холивудската дива Мерил Стрип, ги изненади сите кога пред три дена на својот Инстаграм профил објави фотографија со својата девојка Ана Бландел, која е продуцент.
Луиза никогаш до сега не зборувала за својата сексуалност, па оваа вест изненади многумина.
Таа под фотографијата со својата девојка напиша:
„Благословена сум што влегов во нова радосна ера“. Покрај оваа фотографија, таа објави уште една на која пишува „Влегуваме во радосна нова ера на лезбејската мода“.
Meryl Streep’s daughter Louisa Jacobson Gummer comes out in new Instagram post:
“blessed to be entering the Joyful New era bb ❤️🔥🏳️🌈” pic.twitter.com/GBJ7RLe8Rn
— Pop Base (@PopBase) June 24, 2024
Инаку, оваа фотографија е објавена за време на прославата на 75-тиот роденден на Мерил Стрип. Бројни холивудски актери јавно ја поддржаа Луиза во нејзината одлука да се огласи, а порака за поддршка испрати и оскаровката Аријана Дебос, која напиша. „Кралица, да живееш“.
фото: printskrin/instagram/merylstreep