Радио Милева уживање да ја слушаш

Јованка Јо Јакимовска го крена жирито на нозе во „Никогаш не е доцна“: Влезот во финале и е загарантиран!? (ВИДЕО)

Јованка Јо Јакимовска го крена жирито на нозе во „Никогаш не е доцна“: Влезот во финале и е загарантиран!? (ВИДЕО)

Музичкото регионално натпреварувањето за возрасни „Никогаш не е доцна“ полека стигна до самиот крај на шестата сезона на. Викендов ( недела, 09 јуни 2024) течеше првата полуфинална вечер. Последната натпреварувачка која го затвори ова полуфинале со прекрасна изведба беше нашата Јованка Јакимоска или Јованка Јо, која доаѓа од Скопје и има 47 години.

Стручното жири на оваа специјална вечер го сочинуваа: Саша Милошевиќ Маре, Ана Бекута и  Зорана Миќановиќ. Во својата кратка биографија, која тие имаа можност да ја прочитаат, Јованка напиша дека е разведена, а Зоран Миќановиќ се интересираше дали нешто се променило откако таа веќе се прослави преку музичкиот натпревар.

„Не е ништо сменето“ – кратко одговори Јованка, а потоа ја отпеа песната „Срцето уште не е уморно“ од Тереза ​​Кесовија. Таа со овој настап ги воодушеви сите во студиото, а од жирито доби само пофални зборови.

„Јованка, пееш 20 години, и го зачувал тој прекрасен глас. Пеевте фантастичен опсег што е пеачка задача. Сакам да продолжиш понатаму, тоа го сакам од се срце“ – и рече Ана Бекута.

„Навистина браво Јованка, стварно уживав да те слушам, висиоките тонови  што ги пееше беа одлични“ – кажа Зорана.

„Не го расипа просекот, само продолжи, ќе имаш прекрасна кариера“ – се надоврза Саша Милошевиќ Маре.

Но, за влезот во финале одлучуваат гласовите на гледачите, а гласањето започна по вчерашната полуфинална емисија и трае 24 часа, се до денес, понеделник 10 јуни 2024, до 24:00 часот на полноќ.

Моменталната состојба е повеќе од ветувачка зашто нашата Јованка според бројот на гласови високо котира, но ситуацијата се менува од минута во минута, од час во час, па до крајот на гласањето може се’што да се случи! Иако и според квалитетот на изведбата, мислењата на жирито, а и бројот на гласови на гледачите, Јованка повеќе од заслужено би требала да има загарантиран влез во финале!

Погледнете го настапот на првото полуфинале на Јованка Јо на 02:38:15 и гласајте за неа на со клик на: Nikad nije kasno – Glasanje 09.06.2024. – Glasanje traje 24h, do 10.06.2024. godine u 24:00 (app.do)

Фото: Јутјуб принтскрин/Nikad Nije Kasno – Cela emisija 38 – 09.06.2024

 

To top