Поранешниот Џејмс Бонд, славниот актер Пирс Броснан (73) и неговата животна сопатничка Кили Шеј Смит (63) уште еднаш го украдоа комплетното внимание на светската јавност со своето појавување на европската премиера на филмот „Further Miss-Adventures of Cliff Booth“ во Лондон.
Како еден од најстабилните и најхармоничните холивудски парови, тие оставија силен впечаток пред камерите, но во апсолутен прв план се најде неверојатниот изглед на Кили, која во последните две години направи вистинска трансформација, симнувајќи околу 45 килограми од некогашните 135 килограми.
Иако поранешната новинарка отсекогаш зрачела со самодоверба и истакнувала дека никогаш не бега од своите облини ниту се крие зад широка облека, низ годините често беше мета на злобни коментари на социјалните мрежи. Сепак, Броснан никогаш не останува должен кога некој ќе се обиде да ја омаловажи жената со која е во брак цели 25 години, па неговите емотивни зборови на поддршка повторно ги разнежниja фановите.
„Искрено ја сакам секоја облина на нејзиното тело. Во моите очи, таа е најубавата жена, меѓу другото, затоа што ги роди нашите деца. Ја сакав порано поради личноста каква што е, не само поради нејзината убавина. Сега ја сакам уште повеќе затоа што е мајка на нашите деца. Многу сум горд на неа и секогаш се трудам да бидам достоен за нејзината љубов“, порача актерот во својата одбрана, предизвикувајќи лавина од позитивни реакции на интернет.
Љубовната приказна на овој пар започна во далечната 1994 година на забава во Мексико, а тие запловија во брачните води во август 2001 година во Ирска, добивајќи ги синовите Дилан и Парис. За Броснан, оваа љубов беше вистинско животно спасување по големата лична трагедија и смртта на неговата прва сопруга Касандра Харис и посвоената ќерка Шарлот, кои починаа од рак на јајници.
Денес, по четврт век заедништво, тие се доказ дека вистинската љубов не познава површни стандарди, а Кили со својот нов сјај покажува дека старее достоинствено и среќно покрај човекот на својот живот.
фото:Instagram printscreen/piercebrosnanofficial
видео:You tube / @meawwofficial







