Џенифер Барето е крунисана за нова „Мис Универзум“, станувајќи првата мајка што ја освоила оваа титула откако организаторите на изборот, пред три години, ја укинаа забраната за учество на мажени жени и мајки.
Овогодишното 75. издание на изборот за убавина, се одржа вчера во Сан Хуан, Порторико. Финалната вечер се одржа во арената „Колисео де Пуерто Рико Хозе Мигел Агрелот“, позната и како „Ел Колисео“, со капацитет од околу 18.500 гледачи. Барето (27), која по професија е психолог и социјален работник, го претставуваше Порторико на изборот, пренесе „Би-би-си“.
Таа, според наводите, исто така, е и првата мажена жена што освоила национална титула по укинувањето на забраната.
фото:Instagram printscreen/jenniferbarretopr






