Мегафон 4 изложувачи

Викендов во Скопје базар со рачни изработки, од филигран до макраме

Викендов во Скопје базар со рачни изработки, од филигран до макраме

Базарот на Скопската недела на дизајн се одржува во „Паблик рум“ в сабота и недела од 11 до 17 часот.

Љубителите на рачните изработки викендов можат да го посетат базарот на Скопската недела на дизајн. Според програмата на организаторите, базарот ќе биде отворен на 21 и 22 ноември, двата дена од 11 до 17 часот.

На списокот на изложувачи се „Diosa Macrame“, „Filigree Largo“, „Ninishka Crochet“ и „Vesna’s Handmade“. Базарот е на улицата 50-та Дивизија бр. 22 во Скопје.

Базарот е дел од овогодинешното издание на Skopje Design Week, кое трае до 27 ноември. Викенд-програмата опфаќа и разговори и предавања за дизајн, архитектура и претприемништво.

фото:Facebook/Skopje Design Week

To top