Кремасто предјадење кое ќе ја украси секоја трпеза.
Состојки:
4 тврдо варени јајца
1 пилешка паштета
1 лажица мајонез
3 лажици павлака
25 грама сушени домати во масло
1 лажица сецкан магдонос
перца од свежо кромитче
Подготовка:
Јајцата сварете ги тврдо и излупете ги. Сварените јајца пресечете ги на пола, а потоа внимателно извадете ги жолчките. Ставете ги жолчките во сад, додадете паштета, мајонез, павлака, сецкан магдонос и ситно сецкано суво доматче. Сè добро измешајте за да добиете мазна смеса. Подготовената смеса ставете ја во вреќичка за торти и наполнете ги половинките од белките.Сервирајте добро изладено и посипете со перца од свежо кромитче.
фото:Magnific
извор:курир.мк







