Лара Чолиќ, помладата ќерка на познатиот пејач Здравко Чолиќ, објави фотографија на која е во прегратка на Алекса Шариќ, синот на црногорецот Дарко Шариќ, најпознатиот наркобос на Балканот. Фотографијата предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, особено поради тоа што Лара јавно му се обраќа со нежни зборови и го нарекува „љубов“.
За Лара со години се пишува во јавноста, а промените во нејзиниот изглед привлекоа особено внимание.

Лара Чолиќ, наводно, одлучила да коригира одредени делови од лицето, па така најпрво ги зголемила усните, а потоа го коригирала и носот.
„Помладата ќерка на пејачот ги пополнила усните со хијалуронски филери, а покрај тоа го коригирала и носот за да го доведе својот изглед до совршенство“, тврдел неодамна извор, пренесува „Блиц“.

Да потсетиме, Чолиќ со гордост зборува за своите наследнички.
„Не сум премногу дисциплиниран, но знам да бидам кога е потребно. Тоа постојано им го кажувам на моите деца. Имам две разгалени ќерки. Нормално, и јас би бил разгален да сум на нивно место. Сепак, би очекувал повеќе од нив, но, за жал, би сакал да сум построг. Тоа е првата работа. Се обидувам да им го овозможам она што го сакаат, но можеби би требало да бидам построг во целата таа приказна. Мајка им не може ништо без мене“, раскажал пејачот во една прилика.






