Пејачката Теодора Џехверовиќ сподели емотивна порака на социјалните мрежи во која се осврна на тешкиот период низ кој поминувала, а нејзините зборови го привлекоа вниманието на нејзините следбеници. Имено, Џехва откри дека веќе четири години се бори со напади на паника.
Теодора пред четири години за првпат се соочила со нападите на паника, не насетувајќи колку време, трпение и работа на себе ќе ѝ бидат потребни за да стигне до местото каде што се наоѓа денес.

„Пред 4 години за првпат се соочив со напади на паника. Да ми кажеше некој тогаш дека сама ќе поминам толкав пат и ќе стигнам олку далеку од дома и од сите, апсолутно никогаш немаше да му поверувам.
За овие 4 години секој ден го поминав работејќи на себе. Секој ден, по еден мал чекор напред. Имаше и такви моменти кога одев наназад или едноставно стоев во место. Денес знам дека ниту тогаш не губев. Бидејќи, дури и кога не напредував онака како што сакав, учев да бидам трпелива со себе, да ги разберам моите стравови и да си пружам љубов тогаш кога ми беше најпотребна.
Во свет во кој никогаш не можеме да контролираме како другите луѓе ќе се однесуваат кон нас, единственото нешто што не смееме да го дозволиме е самите на себе да си станеме најголеми непријатели. Ако веќе животот носи доволно предизвици, зошто ние би биле тие кои ќе си стојат на сопствениот пат?
И така, денес седам овде, горда на себе со сето свое срце. Горда на секој тој мал чекор што се трудев да го направам.
-Горда и на моите падови, бидејќи научив дека мојот напредок не мора да биде праволиниски за да биде реален.
Денес сум далеку од дома, но никогаш поблиску до себе. И ако научив нешто за овие четири години, тогаш тоа е дека не мора секој ден да бидам најдобрата верзија од себе. Доволно е секој ден да не се откажувам од себе“, напиша Теодора.
фото:Instagram printscreen/teodoradzehverovic





