Полнети лигни, брзо, едноставно, меко, убаво, за сите оние што сакаат…
Состојки:
4 парчиња исчистени лигни
1 поголем кромид
2 лажици лебни трошки
100 мл бело вино
2 лажици крем сирење
4 чешниња лук
Подготовка:
Лигните (најдобро големи лигњи) исчистете ако не се чисти, измијте ги, а рачињата и перките ситно исеcкајте ги на коцки. Еден поголем кромид ситно исецкајте го и пропржете до златно жолта боја на малку маслиново масло, додадете ги исецканите делови на лигните и кратко пропржете неколку минути. Зачинете по вкус, прстофат сол, мешавина од зачини, бибер, сецкан рузмарин, како кој сака.
Додадете крем сирење, малку вода и кога ќе зоврие, додадете лебни трошки за да се згусне. Наполнете ги лигните и затворете ги врвовите со чепкалка. Лигните ставете ги во подлабок плех, прелијте со маслиново масло, додадете гранче рузмарин, неколку чешниња лук и ставете во загреана печка на 200 степени 20 минути. По 20 минути, извадете ги лигните, додадете бело вино и вратете во шпорет околу 10 минути за да испари алкохолот и сосот да се згусне.
Лигните прелијте ги со сосот и превртувајте ги неколку пати уште 10 минути.
Јадењето е готово!
фото:Magnific







