Радио Милева бизарно

Ексцентричноста на Холивуд: Џони Деп џвакаше вештачки лисја пред фоторепортерите (видео)

Ексцентричноста на Холивуд: Џони Деп џвакаше вештачки лисја пред фоторепортерите (видео)

Холивудскиот актер Џони Деп се најде во центарот на вниманието на светските медиуми по неговото последно, најблаго кажано, необично однесување за време на престојот во Лас Вегас.

Славниот актер се појавил во хотел во Лас Вегас по повод промоција на својот рум „Three Hearts“, препознатлив по боемскиот рок-стил.

Меѓутоа, позирањето пред фоторепортерите се претворило во вистинско изненадување кога Деп откинал пластичен лист од украсниот ѕид и ладнокрвно го џвакал.

Откако го исплукал првиот и земал уште еден залак, тој продолжил да позира насмеан, а остатокот од вечерта го минал во одлично расположение.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lamia Depp🇵🇸 (@lamiadepp5)

Иако потегот беше окарактеризиран како бизарен, Деп отсекогаш отстапувал од конвенционалните правила, изјавувајќи во едно интервју дека работите кои за други се нормални, нему му изгледаат необични.

фото:Instagram printscreen/tommyxjohnnyfanpage

To top