Дева Касел, ќерката на една од најпрепознатливите актерки и модни икони, Моника Белучи, и францускиот актер Венсан Касел, сè посериозно го гради својот пат во светот на уметноста. Иако првите чекори пред камерите и на јавната сцена ги направи преку манекенството, последниве години сè повеќе внимание привлекува со својата актерска работа.
Само на 22 години, таа веќе има искуство во неколку филмски и телевизиски проекти, додека нејзината модна кариера и понатаму ѝ носи ангажмани со големи светски брендови. Сепак, се чини дека токму актерството е областа во која сака да остави свој личен печат, независно од славните родители.
Дева пред неколку дена се појави на премиерата на филмот „Фантомот од операта“, одржана во необичен амбиент – поп-ап киното Cinema Paradiso, кое по тој повод било поставено на првиот кат од Ајфеловата кула во Париз, во салата „Gustave Eiffel“.
@johnnolletparisHair for #DevaCassel for the “Fantome de l’Opéra” Photocall♬ son original – John Nollet
За црвениот тепих избрала долг црн фустан со многу смел крој, кој го истакнува деколтето. Дизајнот е осмислен така што остава силен визуелен впечаток, а истовремено ја задржува елегантната силуета.
Монохроматското издание го надополнила со црни чевли, останувајќи доследна на естетиката кон која често се придржува. Црната боја, инаку, е еден од заштитните знаци на стилот на нејзината мајка, Моника Белучи.
@devnxii Deva Cassel @ The Phantom of the Opera film premiere – Eiffel Tower, Paris #devacassel #phantomoftheopera #fyp #eiffeltower @Devs ♬ son original – J🃏
Актерката претходно оваа година откри и дека нејзините ќерки понекогаш ѕиркаат во нејзиниот гардеробер и позајмуваат некоја од нејзините работи. Како што истакна, тоа го доживува како комплимент.
Дева уште од тинејџерските години е пред објективите. Со само 15 години зачекори на модната писта, продолжувајќи го патот по кој некогаш тргнала и нејзината мајка.
Беше заштитно лице на модната куќа Dolce & Gabbana, а потоа соработуваше и со бројни познати имиња од модната индустрија, меѓу кои се Dior, Cartier, Jacquemus, Courrèges и Coperni.
Неодамна учествуваше и на спектакуларниот настан Vogue World во Милано. Особено емотивен момент беше фактот што Моника Белучи беше меѓу публиката и од првите редови го следеше настапот на ќерка си на пистата.
View this post on Instagram
Сепак, Дева не се задржува само во светот на модата. На големото платно се појави во филмот „The Beautiful Summer“, потоа во драмата „Zero A.D.: The Birth of Christ“, додека посебно внимание привлече во мини-серијата „The Leopard“, каде што ја оствари својата досега најзабележителна улога.
Како ќерка на Моника Белучи, Дева уште од почетокот на кариерата беше изложена на споредби со мајка си. Нејзиниот изглед често е тема на коментари на социјалните мрежи, а реакциите на јавноста знаат да бидат целосно спротивставени.
Додека по нејзиното последно појавување можат да се прочитаат коментари како: „Прекрасна е како мајка ѝ“ и „Иста е како мајка ѝ, Моника Белучи“, порано се појавувале и многу поостри реакции, како: „Не е ни приближно убава како мајка ѝ“ и „Венсан Касел е толку грд што ниту гените на Моника Белучи не помогнале“.
View this post on Instagram
Таквите реакции истовремено покажуваат колку јавноста често се фокусира на физичкиот изглед, особено кога станува збор за деца на познати личности. Дева, сепак, се обидува преку своите проекти пред сè да се претстави како млада актерка и манекенка, а не само како наследничка на славното презиме.
Прашањето за убавината е субјективно и зависи од личниот вкус, поради што истата личност може да се најде на сосема различни места на скалата на нечии естетски критериуми. Во секој случај, токму затоа изреката „Убавината е во окото на набљудувачот“ останала толку присутна.
Фактот дека Дева пораснала со две големи ѕвезди несомнено ѝ отворил врати до кои за многумина би било тешко да стигнат. Истовремено, познатото презиме носи и големи очекувања, па секој нејзин нов ангажман неизбежно се набљудува низ призмата на нејзините родители.
Затоа Дева постепено се обидува да изгради кариера која ќе се темели на нејзините сопствени резултати. Манекенството ѝ донесе меѓународна препознатливост, додека актерството ѝ дава можност да покаже поинаква страна од својот талент.
Во светот на модата не е активна само Дева. Нејзината помлада сестра Леони Касел, која има 16 години, исто така зачекори во манекенството.
Леони неодамна се појави на насловната страница на магазинот Numéro France, во уметничка серија фотографии од високата мода, реализирана од познатата фотографка Брижит Нидермаир.
Тоа не е нејзиниот прв голем чекор оваа година. Во април привлече внимание со појавувањето на насловната страница на престижниот магазин Vogue Italia, со поддршка од нејзината мајка.
Така, двете ќерки на Моника Белучи и Венсан Касел полека се позиционираат во светот на модата и забавата, секоја на свој начин. Додека Дева паралелно гради актерска и манекенска кариера, Леони допрва ги прави првите посериозни чекори пред камерите, а јавноста несомнено ќе продолжи да ги следи и низ призмата на славните родители.





