Пејачката Дара Бубамара откри дека отишла на ручек со своето момче, Борис Видовиќ, а притоа ги спомна и неговите родители.
Дара вчера пристигна на снимањето на емисијата „Ѕвездите на Гранд“ и откри како го поминува времето. Освен што постојано е со момчето, пејачката истакна и дека е постојано ангажирана со работни обврски.

Како што вели, сè уште е во топ форма, иако е значително постара од момчето, што воопшто не се забележува во нивната врска.
„Јас сум машина! Имав и снимање, и настапи во Хрватска, и приватна прослава, а денеска со момчето бев на ручек и имавме планови за маркетинг, и еве ме, дојдов на снимање. Јас немам проблеми со замор. Дури и рано утрово станав“, рекла Дара за тамошните медиуми и додала:
„Мојот емотивен живот моментално е пеперутки и цвеќиња. Ова е најубавото нешто што ми се случило досега. Тој не е љубоморен, ниту јас му давам повод за љубомора. Многу се сакаме. Освен што е убав и згоден, многу е паметен, убаво го поминуваме времето, ми дава ветер во грб. Постојано ми вели: „Љубов, што е тоа за тебе?“ и „Ти можеш, растури!“ и така натаму. Многу е зрел за своите години.

Мојот син го обожава, а неговите родители се прекрасни. Тие ме обожаваат, знаат каква личност сум и често ме прашуваат како сум. Тоа се прекрасни луѓе. Не ги интересираат селските приказни, ниту приказните за разликата во годините и слични теми.
Луѓе, ве бакнувам, морам да одам на снимање.“

foto: printscreen/instgaram/zvezdegranda/Dara Bubamara






