Јована Јеремиќ привлекува големо внимание со своето контроверзно однесување и директниот начин на говор, а сега повторно го привлече вниманието на јавноста со својот впечатлив изглед во утринската програма.
Водителката неодамна се подложи на естетска операција за зголемување на градите, а сега не престанува да провоцира. Нејзиниот утрински стајлинг ги изненади сите гледачи.
Јована избра тесен, огненoцрвен фустан со длабоко деколте, а околу вратот носеше ѓердан со мотив на змија. Се чини дека тоа воопшто не ѝ пречи, туку со голема самодоверба го истакнува својот нов изглед.

Јована самоуверено позираше во студиото, менувајќи пози и гордо покажувајќи го резултатот од естетската корекција. Социјалните мрежи буквално се вжештија за неколку минути, а коментарите под нејзините фотографии и снимки не престануваат да се нижат.

Да потсетиме, Јована Јеремиќ во средината на август се подложи на операција за вградување силиконски импланти, за што, во својот препознатлив стил, отворено и без додавање зборуваше во јавноста.

Како што самата откри за медиумите, причината за посетата на пластичен хирург не била обичен каприц или несигурност, туку желбата да ја врати естетската хармонија по бременоста и доењето.
„За мене физичкиот изглед не беше проблем, имав убави гради пред доењето. Но, мојата ќерка Леа сè извлече од мене. Свесно го жртвував своето тело затоа што сакав да бидам вистинска мајка и да го дојам моето дете. Сепак, не поднесувам дисбаланс и сакав да ја вратам бујноста и убавината“, искрено раскажала водителката по операцијата.





