Радио Милева го прифаќа стареењето

„Не сакам да се претворам во чудовиште“: Хали Бери остро проговори за естетските зафати

„Не сакам да се претворам во чудовиште“: Хали Бери остро проговори за естетските зафати

Хали Бери зборуваше на панел во Лос Анџелес за стареењето, менопаузата и здравјето на жените. Шеесетгодишната актерка порача дека промените на нејзиното лице и тело ги прифаќа како природен дел од животот и дека учи да се сака себеси во своето ново издание.

За време на панелот насловен „On Her Own Terms“, модераторката ѝ постави на актерката серија кратки прашања. Една од задачите била да ја доврши реченицата за тоа што сè повеќе прифаќа со годините.

„Моето ново лице и тело“, одговори Бери. „Се менуваат. Секој ден се погледнувам во огледало и гледам нешто што минатата недела го немаше. Но горда сум што учам да го прифатам тоа, наместо да се претворам во чудовиште користејќи ги сите зафати што денес ни се достапни.“

„Можам да го прифатам стареењето како природен дел од животот. Свесна сум дека сум многу повеќе од ова тело и лице“, додаде актерката.

foto: printsceen/instgaram/halleberry

To top