Мегафон

Седмо издание на Скопски градски фестивал, премиери и уметници од шест земји

Седмо издание на Скопски градски фестивал, премиери и уметници од шест земји

Од денеска(18.09) до 26 септември ќе се одржи седмото издание на Скопскиот градски фестивал, годинава со програма посветена на музичкиот и културниот дијалог меѓу Македонија и земјите од регионот.

Фестивалот ќе донесе уметници од Македонија, Словенија, Албанија, Грција, Црна Гора и Бугарија, во концертни проекти што ги поврзуваат џезот, класичната музика, современото авторско творештво и музичкото наследство на Балканот.

Дел од програмата се создава специјално за фестивалот, со нови соработки и премиерни изведби.

Сите концерти ќе се одржуваат во камерната сала на Македонската филхармонија.

Основан во 2021 година, Скопскиот градски фестивал во изминатите шест изданија изгради препознатлив програмски идентитет и свое место на домашната културна сцена. Досега фестивалот обедини повеќе од 100 уметници од Македонија и регионот, иницираше бројни премиерни концертни проекти и нови уметнички соработки и создаде публика која ја препознава неговата програмска доследност и квалитет.

фото:Илустрација

To top