Мегафон

Фестивалот на античка драма „Стоби“ се отвора со македонската битова драма „Бегалка“

Фестивалот на античка драма „Стоби“ се отвора со македонската битова драма „Бегалка“

Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“ ќе се одржи по 23 пат во Велес.

Од 15 до 24 септември љубителите на театарската уметност ќе имаат можност да проследат антички драми на театри од Македонија, Србија и Италија.

Фестивалот стартува на 15 септември со претставата „Бегалка“ во изведба на Струмички театар, потоа на 16 септември следува претставата „Претходно“ на Teatro`s Azra од Сицилија. На 21 септември на сцената на Велешки театар ќе се одигра и претставата „Годо“ копродукција на Велешки, Штипски и Кумановски театар. Драмски театар – Скопје на 22 септември ќе се претстави со „Падот на Масада“, а театарот „Тоша Јовановиќ“ од Зрењанин со претставата „Лисистрата“ на 23 септември.

Затворањето на фестивалот е со претставата „Сите убави нешта“ на Штипски театар на 24 септември.

И годинава ќе бидат доделени наградите за најдобра претстава, најдобра режија, најдобра женска и машка главна улога.

извор:курир.мк
фото:Постер Стоби

To top