Актерот Чарлс Денс има одиграно бројни важни улоги, а на светската публика и е најпознат како Тајвин Ланистер од серијата „Игра на тронови“.
Неговиот бурен љубовен живот често привлекува внимание, а веќе некое време е во врска со сликарката и филмска продуцентка Алесандра Алма Маси, 22 години помлада од него. Ја запознал на снимањето на филмот „The Book of Vision“, а папараците неколку пати ги фотографирале како уживаат заедно.
Тие сега беа фотографирани од папараците на нудистичка плажа во Шпанија, а овие фотографии го обиколија светот.
ALSO https://t.co/6pW6VWaJqn He’s got the Crown Jewels! Mountbatten actor Charles Dance, 77, joins girlfriend Alessandra Masi, 55, in Formentera as they strip off and soak up the sun on a nudist beach https://t.co/crzhV1DJzf ~ Story Below #USA #News
— Follow @JodyField (@JodyField) May 26, 2024
Потсетуваме, Чарлс со години беше во брак со скулпторката Џоан Хајторн, со која има две деца, синот Оливер и ќерката Ребека. Тој и Џоан се венчаа во 1970 година, а се разведоа во 2004 година, поради неговото неверство. Тој сега истакна дека му е жал што ја изневерил сопругата.
Уште пред да се разведе, го поврзуваа со Емилија Фокс, а подоцна се забавуваше со колешката Софија Мајлс, која е 33 години помлада од него. Двајцата беа во врска две години, од 2003 до 2005 година. Денс беше во врска и со 26 години помлада манекенка и 25 години помлада сликарка, Еленор Бурман, со која беше од 2008 до 2012 година, а ја имаат ќерката Роуз.
фото: printskrin/X/charles.dance