Вишни, овошје за најразлични десерти. Овој пат, во мафини, десерт за секој ден со кафе, чај, јогурт..
Состојки:
2 јајца
150 грама шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
80 мл масло
180 мл јогурт
150 грама брашно
1 кесичка прашок за печиво
80 грама мелени бадеми
200 грама вишни
10 грама ливчиња бадеми
20 грама кафеав шеќер
Подготовка:
Изматете ги јајцата со шеќерот и ванилин шеќерот со помош на миксер. Додадете го маслото и јогуртот, па кратко измешајте. На крајот, додадете ги брашното, мелените бадеми и прашокот за печиво. Наполнете го калапот за мафини (обложен со хартиени корпички) со смесата до околу три четвртини од висината, бидејќи мафините ќе нараснат. Во секој мафин втиснете по 3 вишни без семки (или 4, доколку се помали).Посипете со ливчиња од бадем и шеќер, по желба наросете и малку цимет. Печете на 175°C околу 25 минути. Рерната треба претходно да биде загреана.Оставете малку да се изладат, извадете ги од калапот и уживајте.
Фото: Magnific
Извор: Курир







