Атрактивната пејачка и поранешна учесничка на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ Моника Ивкиќ летово ужива на одморот во Хрватска.
Оваа атрактивна пејачка не ги запостави ниту следбениците на социјалните мрежи, па ги почести со жешки кадри од нејниот телесен раскош. А кога се телесните атрибути во прашање, Моника и тоа како има со што да се пофали и што да покаже!
Бујната црнокоса убавица најпрвин ги почести своите симпатизери и следбеници со поза одзади додека го јава својот скутер на вода – поза од кои некои и на суво се направија „жива вода“! А, како и не би, кога Моника покажа на сончевиот жежок ден, дека има задница за орден.
Но, тоа како само да беше вовед во возбудата што потоа им ја приреди пејачката и на присутните на плажата, и на останатите, кои каде и да се, повеќе им лежи да киснат на социјалните мрежи.
Имено, расната убавица е снимена додека танцува на плажа. А кога танцува Моника, нејзината секси задница се растегнува како хармоника.
Како страсно меша пејачката погледнете на снимката, која многумина ќе остави со подзината уста…
Фото: Инстаграм/ivkicmonika