Радио Милева цепај сине...

Зоран Рудан уште еднаш јасно и гласно стави до знаење дека е маестро за пеење: Цеки излезе на сцената и почна… цепај сине, „Никогаш не е доцна“ (ВИДЕО)

Зоран Рудан уште еднаш јасно и гласно стави до знаење дека е маестро за пеење: Цеки излезе на сцената и почна… цепај сине, „Никогаш не е доцна“ (ВИДЕО)

Уште една вечер полна со убави емоции, смеа и евергрин хитови приреди екипата на шоуто „Никогаш не е доцна“ предводена од  водителјата Драган Катиќ, оркестарот, членовите на жирито и извонредните кандидати. Меѓу нив уште еден Македонец, кој повторно покажа и докажа дека и тоа како умее да биде врвно пејачиште.

 

Не дека до сега не ги знаевме волните квалитети на Зоран Рудан Цеки, но пејачот на македонската рок група „Бело копче трибјут Бијело дугме“ уште еднаш  јасно и гласно стави до знаење дека е маестро за пеење!

 

Имено, во третиот круг од регионалното музичко талент шоу за возрасни,  пејачот од Македонија,  се натпреваруваше со Матија Цаната кој е српски зет со потекло од Италија. Рака на срце, обајцата  воодушевија  со своите настапи, а нашиот Цеки и овој пат настапи со песна од „Бијело дугме“, нивниот легендарен хит „Тако ти је мала моја кад љуби Босанац“.

Неверојатната енергија и вистинскиот рокерски глас на Зоран ја освоија публиката уште пред неколку месеци, а на неговата изведба не останаа имуни ниту  најголемите регионални  ѕвезди.

„Ова беше одлично, феноменално, се надминавте себеси. Браво – му порача Драган Стојкоивќ Босанец во последното издание.

Зоран Рудан Цеки пред да излезе на сцената изјави дека имал малку позитивна трема, па се одлучи да изведе паче од својот познат репертоар. Се одлучи за песната „Тако ти је мала моја кад љуби Босанац“ која досега ја има изведено безброј пати, па за разлика од својот конкурент,  реши да одигра на сигурна карта.

„Браво Цеки“- извикуваше водителката Драгана од позиција, која беше целосно разоткриена од оваа песна. Претседателот на жирито можеше само да се согласи со Драгана и изјави дека е јасно оти Цеки уживал во неговиот настап.

„Се чувствува тој професионален однос што се однесува до вашиот глас, а морам да признаам дека и јас ги обожавам „Бијело дугме“ и дека секако знам повеќе од нивните песни и од самиот Бреговиќ – додаде шеговито Џенан Лончаревиќ.

По настапот, сите имаа можност да ги погледнат претходните изведби на овие кандидати, со што полесно се одлучија кој ќе оди понатаму. Матија Заната доби гласови од Маре и публиката, но Цеки сепак победи во овој дуел со преостанатите три гласа од жирито.

За потсетување, Зоран Рудан Цеки е роден во Скопје и има 58 години, а на својот роден град му има посветено повеќе песни како легендарните „Џабе живиш у Скопје“, „Касно лето е во Скопје“, „Цепај сине“… сите напишани на препознатлив скопски жаргон.

Но и песната  „Поштарот Петре“, како сеќавање на едно време кога работеше во пошта, но како штo самиот изјави во една пригода за „Гранд“ не можел да издржи долго, па решил да ја напушти таа работа и комплетно да и се посвети на музиката.

Како изгледаше и звучеше неговиот настап погледнете на 53-тата минута од емисијата…

Фото: Јутјуб принтскрин/Nikad Nije Kasno – цела емисија 28 – 30.03.2025

 

To top