Радио Милева монструозно вандалство

Зоки Фаци не може ниту да почива во мир: Осквернавен гробот на Зоран Василевски (ФОТО)

Зоки Фаци не може ниту да почива во мир: Осквернавен гробот на Зоран Василевски (ФОТО)

Не поминаа ниту четири  месеци од прераното упокојување на македонскиот естраден новинар и водител Зоран Василевски попознат како Зоки Фаци, чиј живот го однесе опаката болест, а веќе и на вечното почивалиште му се случува вандализам и како покојник. За жал, Зоки Фаци не може ниту да почива во мир!

Имено, непознати сторители во текот на завчерашната ноќ ( недела, 02.2025) го осквернавиле гробот на Зоран Василевски.

Иако прв во јавноста овој вандалски чин го обзнани јутјуберот Стефан Лазаров со кој Покојниот Фаци ги работеше последните поткасти, сепак први ова грозоморно дело го откриле членови на семејството на фаци при посета на гробиштата во катланово, каде што е неговото вечно почивалиште.

„Копале во гробот, го отвориле ковчегот и дури му се гледа главата на Зоки“ – вели за порталот ММС.мк внукот на Зоки, Дарко.

„Во ковчегот имаше несесер, кој го отвориле. А што може да има во несесерот, освен работите што се ставаат од адетите. Најверојатно барале злато! Ама кој става злато во гроб, само часовникот му го ставиме, кој не е ни златен.До тоа ли им дојде? И починат не го оставаат на мир. Не ми е јасно зошто го прават ова“ – вели Дарко, видно вознемирен и потресен.

Според него, ковчегот со посмртните останки на Зоки Фаци буквално бил откопан, па семејството пријавило во полиција и се чека да се пронајдат сторителите на ова морничаво вандалство.

Стефан Лазаров на социјалните мрежи ги сподели вознемирувачките фотографии покрај кои напишал:

„Таман кога човек ќе помисли дека полошо не може да биде се случува ваква работа. Некој го откопал гробот на Зоки, претпоставувам барајќи злато или вредни работи… Па добро бе, остана ли малку човечност помеѓу нас луѓето, 6 месеци немаат поминато!! Какви се тие монструми што прават вакви работи, срамота!

Случајот е пријавен од семејството на Зоки и се надеваат дека од Министерството за внатрешни работи во најбрз можен рок ќе бидат пронајдени сторителите и ќе бидат казнети за во иднина да не се случуваат вакви одвратни дејствија…“ – споделил јутјуберот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Stefan Lazarov (@_lazarovv)

Јавноста вчудовидена, шокирана и и згрозена, не може да поверува дека се’ уште се можни вакви бизрани клептомански разбојништва во 21-от век, кои не ги оставаат ниту покојните да почиваат во мир н нивните вечни почивалишта.

Но, од друга страна, по сите контоверзи кои речиси постојано се вртеа околу покојниот Фаци, чаршиските муабети одат дури до таму што се шпекулира дека ова вандалство не е извршено од користољубие, туку зад него се крие нешто друго… Дека е во прашање и некаква морбидна лична одмазда кон покојниот за некакви наводни нерасчистени долгови додека Фаци бил жив?!!

Сепак, што е посреди и дали брзо ќе бидат расчистени сите шпекулации поврзани со ова монструозно вандалство, наскоро одговорот треба да стигне од органите на МВР!

Фото: Инстаграм/zokifaci/_lazarovv

 

To top