На 10 август од 21 часот, во градината на кафулето „Пин“ во Старата скопска чаршија ќе се одржи промотивен музички настан по повод 5 години активна работа на издавачот на електронската музика „Пи-Ем-Џи танц дигитал“.
Настанот ќе се одбележи со електронска музичка програма. За првпат свој соло настап ќе има Андреја Салпе (фото), музички продуцент од новата генерација, а диџеј сет ќе има и Виолета Качакова.