Со денови, медиумите пишуваат за здравствената состојба на музичката легенда Халид Бешлиќ, кој се лекува во болница во Сараево.
Неговиот менаџер разговараше со медиумите и откри детали за состојбата на пејачот кој е обожаван од целиот регион.

– Тој е горе во болницата, колку што знаат лекарите, толку знам и јас. Неодамна бев кај него и ќе одам повторно. Се случи со црниот дроб. Црниот дроб не функционира баш добро, па сега работат на негово чистење – изјави тој за списанието IN.
Се надева на целосно закрепнување, потврди менаџерот во една реченица.
– Не го откажавме концертот во Загреб на 12-ти во месецот – рече тој, осврнувајќи се на големиот концерт во Загрепската арена.
фото:Instagram printscreen/







