Теодора Џехверовиќ и нејзиното ново момче Матиц Ребец, кошаркар на ФМП, со месеци уживаат во хармонична врска, а сега за прв пат очигледно е „фатена“ со словенечкиот спортист.
Екипата на емисијата „Папарацо лов“ го снимила парот во неговиот автомобил како оди во ресторан во Белград за да ручаат и да поминат малку време заедно, со оглед на тоа дека и двајцата се многу зафатени со обврски.
Иако Теодора се обидуваше да го сокрие тоа, гласините сепак се остварија, бидејќи, судејќи по сликите, дефинитивно ужива во љубовта со својот Словенец.
Целата приказна погледнете ја во видеото подолу.
Фото и видео: Јутјуб/Paparazzo lov – TV Pink