Летото е во самиот пик, летните жештини исто така, а годишните одмори за сите, па и за естреадните личности се неминовни. Иако ова годишно доба е нивна сезона „за естрадна жетва“ кога имаат најмногу работа, кога кој може наоѓа малку слободноо време и за себе и сопствена оддишка.
Младата македонска пејачка Марија Спсовска откако со најголем успех ја заврши првата студиска година на престижнот „City college“ во Солун, се врати во родното Скопје, па со семејствотo замина на прошетка во Париз, а потоа и во Трст и Венеција.

По враќањето од градот на светлината, Марија ја снимаше својата верзија на песната „Ја излези стара мајко“ како дел под второто продолжение на проектот „Македонијо, во срце те носиме“, па најде време и за себе и за она што долго го криеше – својата љубов!

Имено, младата пејачка која досега мошне вешто ја криеше приватноста кога е емотивиот план во прашање, уште при своето неодамнешно гостување кон крајот на јуни годинава во поткастот „Ништо лично“ кај Антонио Димитриевски, „фатена во тесно“ призна дека е во врска… Поточно, Марија јасно и гласно кажа дека е среќно вљубена!

Со оглед на тоа дека речиси цела година не е во Македонија заради студиите во Солун и престојот во Грција, на прашањето дали ја знае поговорката: „Далеку од очите, далеку од срцето“, Марија тогаш рече: „Тоа е голем предизвик, но ете, можеби ќе докажам дека тоа не е така“! И за љубовниот живот толку… барем не јавно.
View this post on Instagram
Но, кога дојде време за летен одмор пејачката замина повторно на море, но овој пат не со семејството, туку со оној во кој е среќно вљубена. Марија овој пат летуваше на Јонското и островот Крф, уживајќи во сите можни летни лудории кои една млада девојка или поточно вљубена двојка сака и може да си ги приушти.

Кога веќе е познато дека младата убавица е вљубена, тогаш веројатно нема зошто повеќе да крие и во кого. Токму затоа, Марија реши да го покаже своето момче со кого е во среќна врска.

Покрај сликовитата видеоразгледница од бајковитиот Крф, која младата убавица ја споделила како на социјалние мрежи, така и на својот неодамна отворен Јутјуб канал, Марија за прв пат јавно обзнанила со кого летува.
Зошто сама, кога заедничкото селфи во огледалото изгледа многу поубаво… И пољубовно!

Како во песната, што неодамна Марија ја испеа: „Ја излези стара мајко на пенџерето, па да видиш кој поминал, умрев за него…“!

Или модерната верзија би била: „Ја погледни стара мајко во огледало, па да видиш кој ме слика, умрев за него“! Иако во случајов, ни мајката е стара, ни љубовта е нова…

А, кој за кого „повеќе умира“, од љубов се разбира, таа по него или тој по Марија – ќе видиме допрва!?
Фото: Инстаграм/marija.spasovska
Видео: You Tube/marija spasovska/EXPLORING CORFU







