Радио Милева стартуваше моминската

Забавата може да почне: Популарната српска пејачка ќе се мажи за 10 години помладиот колега (фото)

Забавата може да почне: Популарната српска пејачка ќе се мажи за 10 години помладиот колега (фото)

Пејачката Александра Бурсаќ неодамна ја откри врската со десет години помладиот колега Стеван Секулиќ, кому наскоро ќе го каже судбоносното „да“.

А, како што налага традицијата, невестата денеска ја слави својата моминска вечер, која ја приреди на приватен луксузен имот со базен.

Пејачката ги собра своите најдобри пријателки, а декорацијата е како од бајка.


Девојките имаа специјални нараквици, пееја и играа, на салфетките пишуваше „Тим Јанг“ и испија чаша-две.

Сепак, пејачката жали што нејзините колешки Јелена Гербец, Милена Ќераниќ и Јелена Костов денеска не беа со неа, бидејќи беа спречени да дојдат.

Да потсетиме, екипата на Гранд имаше ексклузивна можност да разговара со избраникот на Александра, Стеван.

За време на интервјуто, Стефан откри повеќе за неговиот љубовен живот, свршеницата Александра Бурсаќ и плановите за иднината.

– Секако дека не е љубоморна, дури е горда на тоа. Кога имаш таков дечко, како јас да имам таква девојка, тоа е успех – изјави тој за Гранд.

фото:Instagram printscreen/ bursacaleksandra_official
and stevansekulic

To top