Радио Милева да ти се заврти умот

Вртоглави хонорари на учесниците во новата сезона на „Елита 8“: Продукцијата на најгледаното ријалити го одврза ќесето, еве колкави се сумите

Вртоглави хонорари на учесниците во новата сезона на „Елита 8“: Продукцијата на најгледаното ријалити го одврза ќесето, еве колкави се сумите

Осмата сезона на реалното шоу „Елита“, некогашната  „Задруга“, започнува со емитување на 7-ми септември. Овој пат,  како што веќе објавија српските медиуми, продукцијата го широко го одврзала кесето и подготвила високи хонорари за учесниците.

Како и претходните години, непознатите ликови се платени многу помалку од оние кои веќе биле еднаш или повеќе пати во најгледаното регионално ријалити. Така, новите натпреварувачи обично добиваат од 300 до 500 евра неделно.

Продукцијата наводно е подготвена да одвои  од 6 – до 10 пати поголеми хонорари  кои би ги достигнале и до 3.500 евра па и повеќе за најпознатите имиња.

Се верува дека Маја Маринковиќ ќе влезе во осмата сезона на реалното шоу, а минатата сезона се шпекулираше дека таа како најголема ријалити ѕвезда веќе добивала по 3.500 евра неделно.

 

Се очекува и Јована Томиќ – Матора да се врати, па нза нејзиниот камбек наводно да добива по 2.500 евра неделно.

Се шпекулира и дека Марко Јањушевиќ Јањуш годинава пак ќе влезе во реалното шоу и тоа  токму поради високиот хонорар што ќе му биде понуден. Хонорарот на Јањуш претходно изнесуваше 2.500 евра.

Потврдено е и дека Анели Ахмиќ влегува во „Елита 8“.

 

Иван Маринковиќ, кој неодамна се смири со Миљана Кулиќ, со која го има синот Жељко, се шпекулира дека ќе добива хонорар од 2.000 евра неделно.

На учесниците во реалното шоу строго им е забрането да зборуваат за нивните хонорари и договорите што ги имаат со продукцијата, па затоа никогаш не би можеле самите да ги потврдат овие наводи, но судејќи по начинот на живот што го живеат по излегувањето од реалното шоу, би се рекло дека заработуваат повеќе од добро од  учеството во истото.

Фото: Инстаграм/ Јутјуб принтскрин

To top