За мајките, децата колку години и да наполнат, секогаш ќе бидат и останат деца во нејзиното срце. Мајките се најранливи, но и најсилни кога чедата се прашање. Но, децата растат и стануваат независни индивиуи кои се помалку наоѓаат време за дружба со родителите, особено кога почнува тинејџерскиот период.
Нашата позната трендсетерка и екс- водителка Мелита Ракиќевиќ е мајка на единица, ќерката Барбара која е нејзиното се’ . За неа вели дека е нејзината сила, ангел и бесценето богатство дадено од Бога.
Барбара веќе е зрела девојка која гради естрадна кариера како пејачка, а мама секогаш е тука за подршка и ветар во грб. Барби има 20 години и свои приоритети, а кога мама Мели сака да биде во нејзиниот фокус, реалната состојба од заедничките моменти, не секогаш и се допаѓа.
Па така на едно од своите последни стори објави, Мелита го покажа моментот додека со Барбара седи во ресторан, а наместо време за нив двете, за Барбара фокусот беше мобилниот.
За жал, ова е вистината за секој од нас, а на Мелита во дадениот момент секако не и се допадна, па реши да го покаже.
Што беше понатаму, не видовме… Сепак веруваме дека мајката и ќерката најдоа време за себе или барем успеаја да се договорат кога да биде тоа без да постои оној третиот виртуелен гостин на масата.
фото:Instagram printscreen/melitameli