Радио Милева џентлмен

Војаж излезе вистински маж: Бресквица изјави дека го заборави, а тој не сакаше да ја коментира нејзината изјава (ВИДЕО)

Војаж излезе вистински маж: Бресквица изјави дека го заборави, а тој не сакаше да ја коментира нејзината изјава (ВИДЕО)

Пејачката Анѓела Игњатовиќ Бресквица неодамна гостуваше во „Цеца и деца шоу“, а поради нејзината реакција видеото набрзо почна да се шири на мрежите. Таа беше прашана дали некогаш била со некој музичар, на што таа одговори – НЕ. Тогаш Светлана Ражнатовиќ Цеца ја праша „А што е со Војаж?“

„Ај, го заборавив“ – изјави Брешквица во емисијата. Сега Војаж проговори за нејзината изјава, а судејќи по коментарите на социјалните мрежи, повеќе делуваше како малку да го „вознемирила“, отколку што забележил дека таа во моментот се збунила, поради зборот „музичар“.

„Ја слушнав нејзината изјава. Не можев да не ја слушнам. Нека ѝ служи на чест. Нема да коментирам премногу за тоа. Доаѓам од место на почит кон времето и бившите, времето што го поминав со тие луѓе, убавите спомени што ги имам со тие луѓе и воопшто не сакам да си давам лажни крилја. Па нека и служи на чест ако навистина заборавила“ – изјави Михајло.

„Вие двајца, колку и да се глупирате или да не се залажувате, никогаш нема да се заборавите“… се само дел од коментарите.

Фотои видео: Х/Анђела

 

 

 

 

To top