Радио Милева лапсус

Водителката Драгана Катиќ се присети на своите почетоци и срамот кој никогаш нема да го заборави

Водителката Драгана Катиќ се присети на своите почетоци и срамот кој никогаш нема да го заборави

Драгана Катиќ, една од најпознатите водителки во Србија, неодамна отворено сподели дека не ѝ бил лесен почеток на кариерата, откривајќи незгоден момент кој и се случил.

Водителката откри како на еден настан се избламирала поради пејачката Неда Украден.

-Почнав да работам, тоа беа навистина моите почетоци и се сеќавам на мојот прв коктел во животот и бев целата среќна, веднаш им се јавив на родителите преку фиксен телефон. Бев маѓепсана од сите важни луѓе околу мене, држев пијачка , а во скутот едно кученце кое го донесе камерманот. Сечувствував многу важно, кога Неда Украден дојде до мене и ме праша каде е тој „цуко“, а јас и реков навистина, „извини, но не го познавам“ – призна Драгана, тогаш откри дека таа година имала не така пријатен прекар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dragana Katić (@dragana_katic)

– Една година потоа сите ме викаа „Цуко“, бидејќи навистина не знаев дека во Босна куче се вика „цуко“, мислев дека ме прашува за некој што го има тој прекар.

Инаку, на почетокот на април 2024 година се одбележаа 25 години од првото емитување на „Гранд шоу“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dragana Katić (@dragana_katic)

– Од оваа гледна точка, чест ми е што застанав рамо до рамо со Тозовец и што заедно го кажавме првото: „Добровечер“ и така почна „Ѕвездената ноќ“ која подоцна стана „Гранд шоу“, и се`. друго е историја – рече Драгана.

– Историја, затоа што Гранд продукција навистина испиша историја, затоа што ги постави темелите на нов начин на шоубизнис и нов начин на претставување телевизиски формати. Не постои јавна личност која некогаш мислела нешто без да помине низ Гранд продукција и сите формати што ги емитуваме. Исклучително сум горда што сум дел од таа приказна и што славиме 25 години, што не е мал подвиг – изјавила таа за „Гранд“.

фото:Instagram printscreen/ dragana_katic

To top