Мегафон на 16-ти ноември...

Во сабота ќе се одржи Детска Евровизија: Македонија ќе се претстави со песната ,,Маратон” во изведба Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски

Во сабота ќе се одржи Детска Евровизија: Македонија ќе се претстави со песната ,,Маратон” во изведба Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски

На 16-ти ноември (сабота) во Мадрид, Шпанија, ќе се одржи 22-то издание на манифестацијата Детска Евровизија. Македонија ќе се претстави со песната ,,Маратон” во изведба на  Ана Ванчевска (14) и Алексеј Ивановски (13) од Битола, а нашата делегација веќе е во Мадрид.

Ана и Алексеј беа избрани на аудиција организирана од јавниот сервис.

Автори на „Маратон“ се Лазар и Магдалена Цветковски, и за песната беше изработен видео запис во комплетна продукција на МРТ.

Македонија учествува на Детската Евровизија од самиот почеток. Најдобар пласман на земјата е освоено петто место, а најлош – последно место.

Годинава на настанот учество ќе земат 17 земји, а од регионот учествува само Албанија.

Останати земји учеснички се Кипар, Естонија, Ерменија, Франција, Грузија, Германија, Ирска, Италија, Малта, Холандија, Полска, Португалија, Сан Марино, Шпанија и Украина.
Македонија настапува седма по ред.

To top