Живот и стил СИТЕ СМЕ РАЗЛИЧНИ И ТОА Е ПРЕКРАСНО!

Во пресрет на 2 Април: Видео кое ќе ја подигне свеста за прифаќање на лицата со аутизам во општество

Во пресрет на 2 Април: Видео кое ќе ја подигне свеста за прифаќање на лицата со аутизам во општество

Сите сме различни и тоа е прекрасно! Луѓето со аутизам не се болни или скршени, тие едноставно имаат единствен поглед на светот и со мала поддршка од нас, можеби ќе можат да го споделат тој став со сите, вели едно интересно видео преку кое е прикажано објаснување за децата со аутизам.

Целта на ова видео е подигнување на свеста и поголемо разбирање и прифаќање на лицата со аутизам во општество.

Желбата на родителите кои го синхронизираа и преведоа видеото е да го погледнат што е можно повеќе луѓе за да придонесе да се намалат предрасудите кон лицата со посебни потреби.

Сето ова во пресрет на 2 Април- Светскиот ден на лицата со аутизам.

Оригиналното видео на англиски е прегледано повеќе од 50 милиони пати, добитник на повеќе од 20 филмски награди за краток филм.

To top