Синот на Светлана Цеца Ражнатовиќ реши да стави крај на гласините и да открие дали тој и Богдана планираат четврто дете.
Младиот боксер многу ретко се појавува како гостин во емисии и дава интервјуа, но сега во подкаст зборуваше за својата професија и ги допре и неговите приватни планови.
Вељко од Белград се пресели во Тител, каде живее со семејството, а сега откри колку често ја посетува мајка си во главниот град на Србија.
– Секогаш кога имам некои обврски во Белград, застанувам кај мајка ми. Мојата мила мамичка – рекол Вељко и открил дека ги оставил децата на нејзина грижа, поради малиот Исаија и признал како се снаоѓа.
– Не и е прв пат, тоа го прави многу добро – истакна Ражнатовиќ, а потоа на шега искоментира со водителките на подкастот дека не ја нарекуваат за џабе мајка Србинка.
Сопругата на Вељко, Богдана Ражнатовиќ, роди трето дете, уште еден син Исаи, а на прашањето дали ќе го прошири семејството за уште еден член, боксерот рече:
– Сега малку ќе паузирам… И овој трет дојде сосема непланирано – истакна Вељко Ражнатовиќ во подкастот „Лагани подкаст“.
фото: printskrin/instagram/veljkoraznatovicfan10