Мегафон

Вечерва започнува 43. Скопски џез фестивал

Вечерва започнува 43. Скопски џез фестивал

Една од најдобрите светски вокалистки на нашето време, Сесил Меклорин Салвант вечерва во 20 часот во Националната опера и балет во Скопје ќе го отвори Скопски џез фестивал.

Супериорно најдобрата и популарна џез-пејачка во светот, трикратната „Греми“ лауреатка ќе настапи со нејзиниот блескав квартет во кој, меѓу другите, членува и еден од водечките американски џез-пијанисти, Саливан Фортнер.

Опишана од Џеси Норман како „уникатен глас поткрепен со интелигенција и апсолутна музикалност“, Салвант се прослави со својата способност да откопува заборавени песни, оживувајќи ги со силни наративи, неочекувани пресврти и богата емоционална длабочина. Концертите на Сесил Меклорин Салвант се неповторливи доживувања, во кои таа покажува неверојатно чувство и талент за раскажување приказни.

Во 23 часот во Младинскиот културен центар ќе настапи македонскиот состав Next to Silence, a ќе му биде врачена и наградата за најдобар млад џез музичар на Кирил Кузманов.

ПРОГРАМА за наредните денови:

17 октомври
Национална опера и балет, 20:00
• CECILE MCLORIN SALVANT (САД)
МКЦ – Дансинг сала, 23:00
• NEXT TO SILENCE (С. Македонија)

18 октомври
Национална опера и балет, 20:00
• RODRIGO AMADO THE BRIDGE (Португалија/Германија/Норвешка/САД)
• THE END (Шведска/Норвешка)

19 октомври
Национална опера и балет, 20:00
• DAVID VIRELLES (САД)
• ROB MAZUREK EXPLODING STAR ORCHESTRA (САД/Норвешка/Италија)
МКЦ – Дансинг Сала, 24:00
• ALABASTER DEPLUME (В. Британија)

20 октомври
Национална опера и балет, 20:00
• NICOLE MITCHELL & MARK SANDERS (САД/В. Британија)
• FIRE! ORCHESTRA (Шведска/Норвешка/Франција)

фото:Skopje Jazz Festival

To top