Радио Милева мото свршувачка

Уште една македонска пејачка кажа – ДА: Благица Ѕузуровска запросена на мото собир!

Уште една македонска пејачка кажа – ДА: Благица Ѕузуровска запросена на мото собир!

Македонската пејачка Благица Ѕунзуровска кажа  ДА, откако нејзиниот партнер ја запроси на многу необичен, но за многумина можеби и очекуван начин. Имено пејачката е позната и како љубител на мотоциклите, па двајцата страсни моторџии откако дошле во Скопје да присуствуваат на еден мото собир, партнерот клекнал на колена и со свршенички прстен ја побарал раката на пејачката.

Таа недвојбено го изговорила судбоносното ДА, по што пред присутните и нивните аплаузи паднал и првиот свршенички бакнеж.

Се разбира сите знаеале освена таа, зашто изненадувањето всушност било однапред грижливо подготвено, но сепак останало изненадување за идната невеста. Така,  на мото собирот во скопската општина Бутел, освен што се славеше љубовта кон мотоциклите, со балони со натпис „Marry me“ со кои беа дочекани актерите на свршувачката, се славеше и љубовта на Благица Ѕунзуровска и нејзиниот партнер Гордан Трајков.

Разбирливо, честитките пристигаа од секаде, од најблиските до пријателите и колегите… Од сите што ги знаат и познаваат!

Инаку, Благица Ѕунзуровска е 23 – годишна девојка која беше победничка на втората сезона од регионалното музичкото натпреварување за деца и млади „Некои нови клинци“, а подоцна влета и во нов предизвик откако се натпреваруваше и во најпознатото регионално музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, каде беше дел од тимот на Мили.

Благица подоцна настапи на најпознатиот македонски фестивал на забавни мелодии „Макфест“ во Штип.

Фото: Инстаграм/dzunzurovska

 

To top