Радио Милева не му се допадна, па се предомисли

Учесничка во „Пинковите ѕвезди“ со жежок танц пред Босанац – целосно му го промени расположението (видео)

Учесничка во „Пинковите ѕвезди“ со жежок танц пред Босанац  – целосно му го промени расположението (видео)

Учесничката на „Пинкови ѕвезди“, Ана Јасемин, приреди вистинско шоу на музичкото натпреварување кога реши да изведе провокативен танц пред машкото жири. Настапот на Ана предизвика бурни реакции од жирито, особено од Драган Стојковиќ Босанац.

За време на настапот, учесничката прво танцуваше со раперот Десингерица, од кого доби глас за поминување, како и од Вики Миљковиќ и Јелена Карлеуша, која е и нејзин ментор. Сепак, изостанаа гласовите на Зорица Брунцлик, која неодамна доживеа нервен слом поради Десингерица, и Босанац.

Во еден момент, кандидатката почна провокативно да танцува пред Босанац, што очигледно не му се допадна. Тој ѝ рече да се помрдне, викајќи „Оди таму“, покажувајќи кон Десингерица.

Потоа извади „ас од ракавот“, или поточно „коцка шеќер од чевелот“.

Следеше неочекуван пресврт кога Ана се наведна, извади коцка шеќер од чевелот и му ја подаде на Босанецот. Тој потег целосно му го промени расположението. Композиторот се насмеа, стана од столот, па дури и заигра.

фото: Printscreen/YouTube/Pinkove zvezde

To top