Мегафон интернационални избори за убавина

Убавиците од Модното студио Црнокрак, Јулијана Ѓорѓиевска и Соња Арсовскa на „Мис ЕВРОПА 2025“ освоија две титули за Македонија!

Убавиците од Модното студио Црнокрак, Јулијана Ѓорѓиевска и Соња Арсовскa на „Мис ЕВРОПА 2025“ освоија  две титули за Македонија!

Неодамна во Бејрут, Либан се одржа изборот за Мис на Европа 2025, на кој Македонија ја претставуваа две убавици: Јулијана Ѓорѓиевска од Крива Паланка и Соња Арсовскa од Кавадарци.

Двете успеаја да освојат титули. Во конкуренција на 50 девојки од цела Европа, Јулијана го освои одличното 6-то место, односно титулата 5-та придружничка (5th RunnerUp).

Соња пак, ја освои титулата Miss BEST COSTUME. Победничка е претставничката на Русија Јулија Павликова, првата придружничка е од Украина, а втората од Грција.

Двете наши девојки се членки на Модното студио Црнокрак, кое ја има лиценцата за Македонија за овој избор за убавина и во чија организација девојките патуваа во Бејрут и учествуваа на изборот.

Инаку, финалето се одржа во прекрасниот клуб Куора во Бејрут, во организација на либанската агенција Style Events Organization, која веќе 20 год е организатор на изборот за Мис Европа.

Јулијана остана во Бејрут каде во иста организација следи изборот за WORLD NEXT TOP MODEL 2025, на кој таа исто така ќе учествува и ќе ја претставува Македонија.

 

Фото: Модно студио Црнокрак

To top