Живот и стил

Трикови за совршени палачинки

Трикови за совршени палачинки

Ако вашите палачинки се цврсти, дебели или тегави, ви откриваме трикови што ги користат професионалните готвачи. Со нив ќе бидат совршени.

Ако вашите палачинки се цврсти, дебели или тегави, ви откриваме трикови што ги користат професионалните готвачи. Со нив ќе бидат совршени.

Густин

Без разлика дали правите палачинки по рецепт или од нула, одземете две лажици од вкупната количина брашно што сте го подготвиле и наместо тоа додадете две лажици густин.

Просејување на брашното

Пред да го измешате брашното со сите други состојки, просејте го низ сито. Ова ќе го направи тестото за палачинки повоздушесто.

Сода

Користете сода бикарбона, која ќе помогне печените палачинки да бидат меки. Но, не претерувајте, половина лажичка ќе биде доволна. Доколку користите сода бикарбона во рецепт за палачинки, задолжително просејте ја заедно со брашното пред да ги додадете останатите состојки.

Кора од лимон

Изрендајте малку кора од лимон, портокал или мандарина во смесата за палачинки, тоа ќе им даде посебен вкус и мирис!

фото:Freepik

To top