Таа вели дека јадењето од светлосина или зелена чинија го намалува апетитот. Овие и слични ладни нијанси психолошки влијаат врз нас, па храната ни изгледа помалку привлечна и на овој начин помагаат да се намали внесот на храна.
Овој феномен делумно е поврзан со тоа што споменатите бои обично не се поврзуваат со храната, што ја нарушува перцепцијата на нашиот мозок и затоа ја намалува нашата желба за јадење, покажа истражувањето на компанијата BioMed Central.
„Нашиот мозок е ‘програмиран’ така што одредени бои на храна ги смета за попривлечни, а со користење на чинии во овие бои го кршиме ова ‘правило’. Постојат голем број докази кои укажуваат дека, особено, сината боја има силен ефект на потиснување на апетитот“, објасни Гуна.
Исто така, советуваше да се користат чинии во овие бои за да се послужат помали порции висококалорична храна, додека остатокот од чинијата да се наполни со овошје и зеленчук.
Јадете полека и уживајте во секој залак. Влијанието на овие бои ќе ви помогне да се чувствувате задоволни со помалку храна.
фото: FreePick