Дијана Дурлевиќ македонската (т)рап артистка попозната како Дијана Оу Џи по девет месеци минати зад решетки што во соседна Србија што во Шутка, беше пуштена дома, во куќен притвор, кој неодамна и беше укинат.

Слободата на движење одново и беше вратена, за што Дијана се пофали со видео обзнана на социјалните мрежи, каде го покажа судското решение за нејзино слободно движење.

Арно ама, бидејќи некои новостекнати навики се уште се тазе, атрактивната траперка и расна сопственичка на „Онли фанс“ страница за возрасни и покрај „паѓањето“ на сите забрани и казни да биде осудена на престој во „четири ѕида“, „лошата мома“ и понатаму многу почесто своеволно останува дома, отколку што излегува надвор.

Барем оние што ја знаат – ретко ја гледаат, ама затоа Дијана не ја прекина комуникацијата со светот. Тука се компјутерот и Интернетот, па пејачката стана во постојана врска со своите пријатели, верни следбеници и фанови. Само што седењето долго дома поттикнува уште една позната категорија позната како „мрза“ или мрзливост, како сакате! А таа кај оние што ја практикуваат создава чудни особини… Чудни навики и поттикнува уште почудни вештини!

Нив во комуникацијата со надворешната околина, Дијана наголемо ги практикува, при тоа без да се напнува и заморува. До душа некои вештини и навикии се од многу порано стекнати, па кога ќе се спојат со оние што се новсоздадени, таа доаѓа во позиција да прави нешто што ниту една друга не го може.

Како и да е, дефинитивно нема поголема махерка од скопската (т)раперка, а еве и зошто:
Тегла кикирики путер меѓу широко раширени бутини и преписка на лаптоп, преку куцање со нозе – само Дијана Оу Џи ова го може. Теглата со длабоко брцната лажица во средина, никако не може и да испадне… Бутините цврсти, а споделувањето пораки – уметност на куцкање со ножните прсти!
Фото и видео: Инстаграм/iamdijana.og







