Денес, четврток, 20 март 2025 на гробиштата Бутел во Скопје беше извршен погребот на Андреј Ѓоргиески, член на бендот ДНК, кој на 16 март трагично го загуби животот во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани.
На тажното збогување на гробиштата беа присутни голем број луѓе, меѓу кои најблиските, роднините и блиски членови на семејството, другари, пријатели, колеги, блиските соработници и претставници на медиумите.
Недогледни колони луѓе со венци, цвеќиња и икебани чекаа да му оддадат последна почит на македонскиот пејач и пред се редок човек, каков што беше Андреј. Композиторот на песните на ДНК, Лазар Цветковски, продуцентитет Дарко Димитров, Иван Јованов -Ивајо, Роберт Билбилов, пејачите Симона Попоска, Елена Ристеска, Туна Сеидиу, Биба Додева, Теа Трајковска, Таско, Антониа Гиговска со сопругот Роберт Спасенцоски -Џокер, Бени и Црни од Нон Стоп, Адријан Гаџа, Александар Тарабунов, Миле Кузмановски… Актери, водители, модели, спортисти… бројни јавни и медумски личности како Тони Михајловски, Катарина Ивановска, Марјана Станојкоска, Перо Антиќ… и уште плеада познати лица стоеја во ред за дасе збогуваат од својот пријателм колега, другар… Андреј!
Покрај нив беа бројни и претставниците на седмата сила, новинари и ТВ водители кои во свое лично име и името на медиумите за кои работат (Вистина, Курир, Вечер, СДК, ММС, Женски магазин, Бекстејџ, Нешто конкретно, Сител, Канал 5)… и многу други исто така се простуваа за последен пат од покојниот естраден уметник.
Она што беше препорака од органите на власта, како и од самите медиуми да не се фотографира, слика, снима и слично, беше максимално испочитувано. Не беше забележана ниту една камера, ниту еден фотоапарат или дрон, а навидум ниту камерата на ниту еден мобилен телефон не беше злоупотребена.
Тука беа и претставниците на ЗАМП, како и министерот за култура и туризам Зоран Љутков,во придружба на претставници од неговиот кабинет.
На гробиштата Лисиче во Скопје во 12 часот беше погребана неговата колешка Сара Пројковска, придружен вокал на бендот и професор на Факултетот за музичка уметност.
Погребот на младиот тапанар од бендот Георги Георгиев се одвивше на градските гробишта во Струмица.
Посмртните останки беа изложени во градската капела од 12 часот.
Во црквата во штипско Ново Село од 9 до 11 часот се изложени телата на Филип Стевановски и Александар Колов кои беа дел од ДНК тимот, а во исто време во црквата „Света Троица“ и посмртните останки на фотографот Александар Ефремов, кој на сите настапи го следеше бендот.
Денеска, пред погребот на Андреј Ѓорѓиески и неговите колеги, придружниот вокал Ана Костадиновска го направи своето прво јавно појавување на Фејсбук.
– Дел од моето семејство го нема. Мојата душа е со нив. Остана само пепел и празнина… А, кој би помислил дека празнината може толку многу да боли – напиша Ана и ја смени профилната слика на која е со починатата колешка Сара.
фото: printscreen/instagram