Радио Милева со повод

Тато Кеба во шок : Наташа Којиќ по 16 години се враќа во Србија (фото) 

Тато Кеба во шок : Наташа Којиќ по 16 години се враќа во Србија (фото) 

Наташа Којиќ, позната како Таша, веројатно ќе се врати во Србија по 16 години.

Ќерката на Драган Којиќ, познат како Кеба, ќе дојде во Белград на почетокот на следната година, доколку нејзината песна влезе меѓу песните за националниот Избор за песна на Евровизија.

Плановите ги чувала во строга тајност, а единствениот освен неа кој бил информиран за целиот процес бил нејзиниот брат Игор Којиќ, а ништо за тоа не знаел ниту нејзиниот татко Драган Којиќ Кеба.

„Навистина не знам ништо за тоа… Ајде, мора да е некаква скриена камера“, рекол Кеба кога новинарите му се јавиле за коментар.

„Во секој случај, што и да е, навистина ме израдувавте. А ако е вистина, тогаш тоа е тајна акција на мојот син Игор“, заклучи зачудениот Кеба.

Инаку, ќерката на Кеба, Наташа Којиќ Таша, кариерата ја започна токму на фестивалот кој беше претходник на ПЗЕ – во Беовизија во 2004 година . Таа на публиката и се претстави со песната „Око плаво“, која стана омилена меѓу тинејџерите, но песната им се допадна и на возрасните.

фото: printscreen/instgaram/dragankojickeba

To top