Радио Милева останете силни

„Срцето ми е скршено, Андреј, Пaнчо…“:  Познатиот Американец низ солзи се прости од настраданите од Кочани, лично се познавал со членовите на бендот (видео)

„Срцето ми е скршено, Андреј, Пaнчо…“:  Познатиот Американец низ солзи се прости од настраданите од Кочани, лично се познавал со членовите на бендот (видео)

Џибри Бел, познат американски инфлуенсер го упати своето сочувство до жртвите од големиот пожар што се случи во Кочани на 16 -ти Март.

Трагедијата што се случи во Македонија, каде 59 лица ги загубија животите во пожар во дискотека, го потресе целиот свет. Многу луѓе, меѓу кои и многу познати личности изразија сочувство за трагичната загуба на животи.

Сочувство испрати и Џибри Бел, познат американски инфлуенсер кој долго време живеел во Србија и кој во своите видеа постојано зборува за тоа како ги сака обичаите и луѓето на Балканот.

– Македонијо, те сакам! Срцето ми се скрши откако слушнав за пожарот на концертот. Тоа е толку трагичен настан. Групата „ДНК“ ми значи многу. Андреј, Панчо, навистина ми го променивте животот… – вели тој.

Инаку, во страшниот пожар што избувна ноќта меѓу саботата и неделата, трагично загинаа осум членови на бендот ДНК.

Џибри Бел очигледно се познавал лично со некои од членовите, но бил длабоко погоден од трагедијата на сите загинати и на целиот македонски народ.

Watch on TikTok

фото: printscreen/tiktok

To top