Радио Милева вистинска љубов

„Среќни мали работи“: Емра Куртишова покажа слатки моменти од секојдневието  (фото)

„Среќни мали работи“: Емра Куртишова покажа слатки моменти од секојдневието  (фото)

Животот е поубав кога сме во друштво на она што постојано не прави среќни.

Тоа сега го потврди и актерката Емра Куртишова – Стојанова, која од неодамна е реализирана мајка на ќеркичката Лена која ја доби со актерот и колега Петар Стојанов.

Таа пред мајчинството и бракот беше од оние кои се помалку активни на социјалните мрежи но, сега очигледно е повеќе  мотивирана да споделува приватни моменти со светот.

Актерка сега се одлучи да објави дел од секојдневието кое ја прави среќна, а од слатките и убави моменти кои успеале да ги уловат со апаратот никој не остави  рамнодушен.

Емра објави две фотографии од  кои на едната се гледа како го мести нејзиното милениче до наследничката Лена со цел да зачува убави спомени од убавиот сончев ден додека сѐ уште е мала.

Додека на втората фотографија веќе се забележува дека успеала во намерата и го уловила најслаткиот момент .

Така, харизматичната актерка, горда и исполнета на малите нешта кои ја прават среќна  без двоумење реши да го објави овој убав момент и пред очите на јавноста кои  за неа претставуваат непроценливо богатство исполнето со вистинска љубов.

 

–  Среќни мали работи  – напиша таа на најновиот пост и ја откри локацијата каде се фотографирале, а следбениците веднаш ја преплавија со многу допаѓања.

Фото: Instagram printscreen/ emra.kurtishova

To top