Денес славиме три и пол децении исполнети со труд, посветеност и заеднички успеси. Ви благодариме што сте дел од нашето семејство и што ни помагате да растеме и создаваме приказна која трае, велат од Театарот за деца и младинци.
Сепак, во моменти на радост, животот понекогаш нè потсетува на важноста на човечката солидарност. Поради трагичната несреќа во Кочани, прославата ја одложуваме, сочувствувајќи со семејствата и сите погодени од овој несреќен настан.
Нашите мисли и срца се со нив.
Средствата собрани од продажбата на билети за младинската ФРАНКЕНШТАЈН и детската претстава ХАЈДИ ќе бидат донирани за семејствата на настраданите од пожарот во Кочани, соопштија од Театар за деца и младинци.
Ве очекуваме, заедно да бидеме хумани и да придонесеме во овие тешки моменти.
Ваш ТДМ