Живот и стил

Спиете без долна облека? Докторот предупредува – ова е најнехигиенското нешто за вашиот кревет

Спиете без долна облека? Докторот предупредува – ова е најнехигиенското нешто за вашиот кревет

Доктор предупредува на проблеми што може да ги имате ако спиете без долна облека.

Прашањето дали е поздраво да спиете со или без долна облека предизвикува различни мислења кај експертите. Некои тврдат дека е подобро да спиете без неа бидејќи ѝ овозможува на кожата да „дише“, го намалува потењето и го спречува развојот на бактерии. Од друга страна, има и такви кои препорачуваат памучна долна облека бидејќи ја штити интимната зона од бактерии на постелнината.

Американскиот пластичен хирург, д-р Ентони Јун, е категоричен во своето мислење дека спиењето без долна облека не е хигиенско. Во видео порака на TikTok, тој објаснува дека испуштаме гасови за време на спиењето, и секој пат кога го правиме тоа, мала количина на измет се испушта во воздухот. Ако спиеме без долна облека, овие честички можат да завршат на постелнината.

Неговата порака предизвика голем интерес, а видеото собра неколку милиони прегледи.

Додека некои го сметаат тоа за грубо и нехигиенско, други се шегуваат за испуштање гасови пред своите партнери, додека некои го повторија советот на лекарот и го истакнаа ризикот од пренесување бактерии.

извор:курир.мк
фото:Freepik

To top